| 1. Биографија 2. Библиографија 3. Избор на публикувани трудови 4.УЧЕСТВО НА Симпозиуми,конференции |
| 1. Biography 2. Bibliography 3. SelLection Of Papers 4. PARTICIPATION ON Symposiums,Conferences |
![]()
Биографија СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец. Тој е роден точно на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлеровска Германија, опијанета од идеологијата на фашизмот, се крена против целиот свет, верувајќи дека има сили да завладее со него. Во големата светска катаклизма, во семејството на Сандра и Ристо Николовски (Барџевски) се родил синот Славе кој ќе ја продолжи семејната лоза. И не само тоа, тие како да претчувствувале дека нивното прво и единствено чедо, ќе стане познато и признато име, не само во Преспа, туку и во Македонија и надвор од неа ширум светот.
По завршувањето на средното образование, неколку години работи како геометар во Собранието на Општината Ресен. Како студент на Техничкиот факултет заминува за Канада, каде останува четири години. Во Торонто се школува на специјализираниот Институт за англиски јазик и литература. Извесен период работи како геодет, а пројавува активност и во македонската колонија во Торонто. Еден мандат, во 1978 година, бил генерален секретар на Црковната управа на Македонската православна соборна црква “Свети Климент Охридски” во овој град. Паралелно се занимавал со новинарство, активно соработувајќи со списанието “Духовна искра” од Торонто, но и со други печатени и електронски македонски медиуми во Канада. По дипломирањето на Филолошкиот факултет, односно по враќањето од Канада, Катин четири години работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон. Во овој период, интензивно работи на повеќе преводи од научен и стручен карактер, од македонски на англиски јазик и обратно, за потребите на Заводот, но и на низа преводи на англиски јазик на научни трудови објавувани во земјата и странство.
Како
функционер на Владата на Република Македонија, Славе Катин бил на посети и
разговори кај поглаварите на Румунската, Украинската, Руската и
Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во
Истанбил и Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата
на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута,
Индија.
Во текот на неговата работа и творечка дејност објавил
над четириесет публикации, лексикографски изданија, преводи од
македонски на англиски јазик и обратно.
Исто така, автор е на над илјада
објавени публицистички и други единици од науката, фељтони,
репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата, јазикот
религијата и културата на англиски
и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени
во земјата и во светот. Славе Николовски –
Катин беше акредитиран новинар од Македонија за ,,Австралиско-македонски
неделник” од Мелбурн во период од три години. Поголемиот број од
неговиот опус на материјалите се однесува и е сврзан со активностит еи животот
на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада, САД и Европа,
како и на македонските иселеници во прекуокеанските и европските земји, а
50-тина преводи од македонски на англиски во рубриката ,,Од месец до месец” во
списанието ,,Македонија” се однесуваат на
културно-политичкиот и општествениот живот во Република Македонија. Има учествувано
на 50-тина симпозиуми, трибини,
конференции и друг вид сесии во земјата и во светот на кои има презентирано,
главно, реферати што се однесуваат на културата, литературата, јазикот и
религијата, како и на информативната и друга дејност на македонските иселеници
во прекуокеанските и во западноевропските земји. Како активен новинар беше избран за секретар на Здружението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа беше член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Беше член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на ,,Меѓународна политика” од Белград и член на ,,Друштвото на литературните преведувачи на Македонија”. Два мандата беше потпретседател, како и член на Друштвото за литература и култура Македонија-Канада, потоа бил почесен член на Здружението за примена на македонскиот јазик во службената и во јавната комуникација; потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”. Бил член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД, на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” од Торонто, Канада и член на Друштвото за наука и уметност од Битола, Република Македонија.
Свесен за тој факт, Катин настојува да ја пополни таа празнина, да го надомести тој вакум со предлози и сугестии, но и со конкретни практични чекори да воспостави извесен баланс во односите на државата со раселените Македонци, со што започна да го гради големиот (златен) мост на нивното поврзување со Татковината, како самостојна и независна држава. Но, и нивното меѓусебно запознавање и зближување, независно од оддалеченоста на нивните дестинации. Меѓутоа, неговиот придонес не запира тука. Катин е свесен дека на Македонија може да и се помогне најмногу ако во неа се инвестира во реализацијата на низа проекти од значење за нејзиниот побрз развој, односно ако за тоа се заинтересираат и самите тие во дијаспората, како успешни бизнисмени. Широката палета на Катин за остварување на стратегиските цели на овој план, опфаќа бројни зафати, дел од кои веќе функционираат. Освен неговите релативно чести посети на трите континенти и личните средби со иселениците, преку монографските изданија за најуспешните од нив, Катин се обидува интересот за соработката со дијаспората да го пробуди и кај луѓето во државниот врв на земјата. Ефектите од ваквите посети на угледни Македонци од дијаспората на својата Татковина, допрва ќе се почувствуваат, како што ќе се почувствува и придонесот на Катин на овој план. Историската димензија на неговиот национален проект поврзан со иселеништвото, објективно го афирмира во уникатен лидер на едно светско семакедонско движење за промоција на Македонија, не само како колевка на една стара цивилизација, туку и како држава која придонесува развиениот свет сè повеќе да ја чувствува и во сопствениот развој.
Славе Катин, во период од триесетина години објавил над 1.000 текстови , главно, за Македонија, за иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата и други области во информативни гласила во Република Македонија и странство и тоа во: “Нова Македонија”, “Вечер”, “ списанијата “Македонија”, Македонска ревија”, “Литературен збор”, “Културен зивот”, “Студентски збор” “Лик”, “ Весник на МПЦ”, “Трудбеник”, “Бирлик”, “Климентов збор”. “Духовна искра”, “Обединети Македонци”, “Македонија”, “Искра”, “Повод”, “Австралиско-македонски неделник”, “Македонска искра”, “Македонски весник, “Македонски иселенички алманах” и други гласила во Македонија и странство. Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој е е исто така добитник на најпрестижната награда Крсте П. Мисирков на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката. Борче Наумовски |